АЛБАТРОС е македонска фамилијарна компанија за модерна облека, етаблиран производител на висококвалитетни кошули. Силната заложба за производство на кошули со врвен квалитет и совршена изработка беше главната идеја, која ја водеше текстилната компанија „Албатрос“ на нејзиното основање во 1999 година. Овие две основни принципи, денес, по 25 години се основата на компанијата – основана како една од најмодерните фабрики и еден од најдобрите производители на кошули во земјава. Од самиот почеток менаџментот дефинираше стратегија за специјализација во производство на машки кошули, а пред неколку години производство на женски блузи. Оваа стратегија функционира и денес и резултира со совршено изработени кошули!
Кога зборуваме за висок квалитет, мислиме на производ направен според европски стандарди и тоа се постигнува со континуирано инвестирање во нова механизација, подобрена технологија и услови за работа. На прво место се нашите вработени, ние се грижиме за нив да има одлични услови за работа, да бидат мотивирани и посветени за да можат да постигнат врвни резултати.
Во моментов имаме потреба од:
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНА И ЛОГИСТИКА
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Основен оперативен контакт со шпедитерот
- Организирање на транспорт за увоз на материјали
- Остварување контакт со добавувачите за организирање на транспортот
- Организирање на транспорт за извоз на готовиот производ
- Следење на транспортот
- Следење на трошоците за транспорт
- Изработка на документи за евиденција на увозот и извозот
- Изработка на фактури и следење на плаќање
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС/ССС
- Претходно работно искуство во шпедиција или оддел за увоз/извоз во производствена компанија
- Активно познавање и користење на софтверот за облагородување (loan system)
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Познавање на англиски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори)
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентна плата по договор
- Регрес за годишен одмор К15
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контакт на 032/381-717
 (1).jpg)