АЛБАТРОС е македонска фамилијарна компанија за модерна облека, етаблиран производител на висококвалитетни кошули. Силната заложба за производство на кошули со врвен квалитет и совршена изработка беше главната идеја, која ја водеше текстилната компанија „Албатрос“ на нејзиното основање во 1999 година. Овие две основни принципи, денес, по 25 години се основата на компанијата – основана како една од најмодерните фабрики и еден од најдобрите производители на кошули во земјава. Од самиот почеток менаџментот дефинираше стратегија за специјализација во производство на машки кошули, а пред неколку години производство на женски блузи. Оваа стратегија функционира и денес и резултира со совршено изработени кошули!
Кога зборуваме за висок квалитет, мислиме на производ направен според европски стандарди и тоа се постигнува со континуирано инвестирање во нова механизација, подобрена технологија и услови за работа. На прво место се нашите вработени, ние се грижиме за нив да има одлични услови за работа, да бидат мотивирани и посветени за да можат да постигнат врвни резултати.
Во моментов имаме потреба од:
БРЕНД МЕНАЏЕР И ТЕХНИЧКА ПОДГОТОВКА НА МОДЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Организирање на колекции за презентација и продажба
- Учество во подготовка на производството, комплетирање на модели со потребни материјали и организирање на набавка
- Подготвување на примероци од ткаенини за каталози и нивно естетско аранжирање
- Одредување на технички спецификации за понатамошно масовно производство
- Помош во изработка на планови за производство и организирање и надгледување на процесите и роковите
- Проведување на контрола на квалитетот за да се обезбеди усогласеност со индустриските стандарди
- Соработка со дизајнери и моделари на производи за да се обезбеди техничка изведливоост на дизајните
- Истражување и имплементирање на нови текстилни технологии и иновации за зголемување на ефикасноста на производството
- Комплетна комуникација со модниот бренд
- Водење на точни записи на процесите на производство, користените материјали и документирање на оценките на квалитетот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС Технолошки факултет
- Претходно работно искуство во текстилна производствена компанија
- Активно познавање и користење на компјутерски алатки
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Познавање на англиски/германски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори)
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентна плата по договор
- Регрес за годишен одмор К15
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контакт на 032/381-717
 (1).jpg)