Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
МАР-КИР ДООЕЛ
Добредојдовте во светот на АМИГОС!
Амигос е искуство кое ги спојува вкусовите од целиот свет со посебен шарм на Скопје. Со три различни локации, три уникатни приказни, и 16 години постоење на пазарот, секој од нашите ресторани е дел од нашето семејство. Работиме со страст, вложуваме во врвна услуга и квалитетна храна, и секогаш сме во потрага по нови членови на нашиот тим!
Амигос Железничка, Амигос Љубљанска, Амигос Мексикански има потреба од:
БАРМЕН/КА
Во Амигос, коктелите се важен дел од искуството и сакаме да се подготвуваат со страст. Работиме со квалитетни состојки, модерна опрема и гости што знаат да уживаат. Бараме бармен кој сака да креира, експериментира и да носи енергија зад шанкот. Ако знаеш како се прави совршен коктел, и уживаш да бидеш дел од атмосферата, стани дел од нашиот тим.
Бараме:
Искуство во бар
Брзина, љубезност и прецизност
Страст за коктели, вкусови и детали
Тимски дух и професионален однос
Нудиме:
Пријава на цела плата
Работа со врвни производи и коктел опрема
Креативна слобода и поддршка од тимот
Ќе бидат контактирани само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција. Вашите пријави испратете ги преку полето "Брза Апликација" или контактирајте на 071 230 - 314