Vrabotuvanje.com - Асистент за материјално работење - Скопје - ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за материјално работење

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО

 

 

Поради проширување на обемот на работа, ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ како водечка компанија лидер во областа на кетеринг индустријата има потреба од:

АСИСТЕНТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

(Скопје)
 

Одговорности и задачи

  • Врши контрола на целокупниот процес на производство на храната и дава насоки за корекција во работењето
  • Проверка и евиденција на сите влезни фактури и нивна поделба по деловни едници  
  • Поделба на трошоци по деловни единици
  • Калкулации на фактури со повеќе приеми и проверка на калкулации за сите подружници
  • Прибирање, подготовка на фактури и калкулации за екстерно сметководство
  • По потреба врши електронско плаќање по налог, уплата на дневен пазар, управување со банкарски изводи
  • Водење и одржување на административна евиденција за исхрана на ученици (договори, лични податоци, отсуства и сл.)
  • Подготовка и организирање на потребната документација за учениците вклучувајќи архивирање и следње рокови
  • Внесување на податоци за ученици во интерен систем
  • Изработка на уплатнци
  • Евиденција на плаќања, следење состојба и комуникација со коминтените за отуства, долговно салдо
  • Изработка на извештаи и статистички податоци во врска со евиденцијата на наплатите за исхрана на ученици
  • Комуникација со адвокатското друштво за извршна наплата согласно долговното салдо

Потребни квалификации:

  • Образование од областа на финансии, економија или бизнис администрација ќе се смета за предност
  • Минимум средно образование
  • Работно искуство во сектор финансии и искуство со работа во софтвер за материјално работење ќе се смета за предност
  • Професионално познавање на MS Office, особено Excel
  • Аналитички вештини и способности
  • Иницијативност и одговорност
  • Точност и навременост
  • Место на живеење Скопје
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност

 

Услови за работа

  • Работно време прва смена, од понеделник до петок
  • Интерна обука од страна на компанијата и менаџерот
  • Конкурентна основна нето плата, стимуланси и бонуси
  • Дополнителни законски исплати
  • Регрес за годишен одмор
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Oбезбеден топол оброк
  • Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време

 

Доколку барате работа во пријатно и стабилно работно опкружување со високи стандарди и организација, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот успешен тим.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде