Vrabotuvanje.com - Менаџер за аудио и визуелна техника и опрема за настани - Скопје - ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за аудио и визуелна техника и опрема за настани

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО

 

Поради проширување на обемот на работа, ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ како водечка компанија лидер во областа на кетеринг индустријата има потреба од:

МЕНАЏЕР ЗА АУДИО И ВИЗУЕЛНА ТЕХНИКА И ОПРЕМА ЗА НАСТАНИ

(Скопје)
 

Одговорности и задачи:

  • Визуелен преглед на просторот за настанот за проценка на акустиката, осветлувањето, можностите и капацитетите за инсталација
  • Планирање и подготовка на техничка опрема
  • Ангажирање, организација и координација на техничкиот тим
  • Монтажа, тестирање и управување со опремата
  • Надзор на товарењето, истоварувањето и ракувањето со опремата за да се избегнат оштетувања
  • Проверка и тестирање на целосната функционалност на системите пред почетокот на настанот
  • Техничка поддршка за време на настанот и континуирано следење на техничките аспекти за време на изведбата на настанот.
  • Брза интервенција при технички проблеми (микрофони, видео опрема, осветлување)
  • Одржување и складирање на опремата
  • Редовно прегледување и сервисирање на опремата
  • Водење инвентарен список за состојбата на опремата
  • Истражување и одржување контакти со добавувачи на опрема и логистички партнери
  • Договарање за изнајмување или набавка на специјализирана опрема
  • Проверка на безбедносните протоколи пред, за време и по настанот
  • Обезбедување заштитни мерки за спречување на електрични дефекти
  • Спроведување обуки за техничкиот тим за работа со високо-напонска опрема
  • Изготвување извештаи за потрошената опрема и ресурси по секој настан
  • Водење финансиска евиденција за техничките трошоци
  • Поднесување извештаи за потребата од надградба или замена на застарена опрема
  • Комплетна грижа за магацинот со опрема​

Потребни квалификации:​

  • Минимум средно образование
  • Работно искуство во секторот ќе се смета за предност
  • Основно познавање на MS Office
  • Аналитички вештини и способности
  • Иницијативност и одговорност
  • Точност и навременост
  • Место на живеење Скопје
  • Возачка дозвола Б категорија​

Услови за работа

  • Флексибилно работно време зависно работните ангажмани и потреби
  • Бонуси за успешност
  • Редовни и ополнителни законски исплати
  • Регрес за годишен одмор
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Oбезбеден топол оброк
  • Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време

Доколку барате работа во пријатно и стабилно работно опкружување со високи стандарди и организација, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот успешен тим.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде