Vrabotuvanje.com - Дипломиран правник во Секторот за ЧР и правни работи - Скопје - ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран правник во Секторот за ЧР и правни работи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ
  • Адреса: ул. Лондонска бр.11А, 1000 Скопје


Хауз Мајстор Плус Дооел Скопје како компанија со долгогодишно искуство во областа на управување и одржување на станбени и деловни објекти, професионални услуги за хигиена и хаусмајсторски работи, има потреба за вработување на

ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК ВО СЕКТОРОТ ЗА ЧР И ПРАВНИ РАБОТИ

 

Опис на работно место:

Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Анализа, изработка и ревидирање на сите видови правни акти за потребите на Друштвото;
  • Усогласување на работењето од правен аспект според законската регулатива која се однесува на делокругот на работа на Друштвото;
  • Следење на законите и соодветна изработка или корекција на правните акти во согласност со дејноста на Друштвото и делот на домување;
  • Поддршка на останатите сектори во Друштвото во делот на компетенциите за правна помош;
  • Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни пред надлежните институции;
  • Одговорен за непречено одвивање на сите оперативни процеси во Друштвото
  • Селекција и регрутација на кандидати за вработување и објава на огласи;
  • Изработка на документација потребна за процес на вработување и пријави и одјави на вработени;
  • Изработка на документација за вработени (решенија, потврди, одлуки и др.);
  • Координација на процеси поврзани со правните работи и човечките ресурси во Друштвото;
  • Изработка на договори и интерни правни акти;
  • Комуникација и соработка со надворешни соработници, клиенти, адвокатски друштва, нотари и извршители;
  • Изработка на интерни политики, процедури и одлуки.

Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Правен факултет
  • Компјутерска писменост и владеење на MS Office пакет програми;
  • Познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Педантност, одговорност и исполнителност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Хауз Мајстор Плус, аплицирајте преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде