Vrabotuvanje.com - Соработник за комерцијални работи - Лесковац - Industrija građevinskog materijala Mladost doo
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник за комерцијални работи

Лесковац, Србија

Рок за пријавување:

  • Industrija građevinskog materijala Mladost doo


 

Компанијата МЛАДОСТ со своите фабрики во Лесковац, Власотинце, Топличка Мала Плана и Сталаќ (Србија), со над 600 вработени, е еден од најважните производители на керамички плочки и ѕидарски блокови.

Создавањето успешна деловна традиција, која започна пред повеќе од сто години - уште во 1911 година, се препознава во функционалните и модерно дизајнирани производи, кои се синоним за долготрајност и квалитет, без кои модерната градба денес е речиси незамислива, не само во Србија, туку и во земјите од регионот.

Покрај инвестирањето во модернизацијата на технолошкиот процес, деловната стратегија на МЛАДОСТ е ориентирана и кон инвестирање во нејзиниот најважен ресурс - млада и образована работна сила, подготвена да одговори на сите предизвици на современото деловно опкружување.

Поради зголемен обем на работа и проширување на стручниот тим, МЛАДОСТ објавува конкурс за следната позиција

СОРАБОТНИК ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ
Повеќе извршители

Опис на работното место:

  • Врши административни работи за домашни и странски клиенти
  • Ја ажурира целата придружна документација за испорака на стоки на домашниот и странскиот пазар
  • Креира извештаи и анализи во согласност со барањата на одделот за продажба
  • Учествува во логистички операции – оперативни и административни
  • Ја спроведува политиката за продажба на терен во согласност со дефинираните продажни услови
  • Спроведува редовни посети на клиенти, негува и развива добри деловни односи со клиентите
  • Обезбедува правилно позиционирање на стоките и рекламните материјали во магацинот на купувачот
  • Евидентирање на потребите за рекламен материјал и координација со секторот
  • Следење на проекти, првична презентација на компанијата, евиденција и известување
  • Работа со целната група во градежната оператива
  • Логистичка поддршка за презентации

Вашите потребни квалификации:

  • Виша/ висока стручна спрема – основни академски/струковни студии на висока школа или факултет (VI/VII1/2 степен)
  • Пожелно е работно искуство на исти или слични работни места
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно познавање на албански јазик
  • Ниво на коверзација на познавање на англискиот јазик

Очекуваме од вас:

  • Мотивација, ориентација кон резултат и независно одлучување при преземање одговорност
  • Фокусираље на потребите на клиентите и компанијата
  • Познавање на продажните процеси
  • Добри аналитички, преговарачки и комуникациски вештини

Ви нудиме:

  • Личен развој во рамките на професионален тим кој е подготвен да го сподели своето знаење
  • Пакет на бенефиции кој вклучува стимулативни плати и системи за наградување на вработените врз основа на индивидуален придонес
  • Можност за професионален развој и напредување

Со пријавување на огласот, се согласувате за складирање и обработка на вашите податоци во следните 6 месеци.

Сите податоци ќе се користат само за процесот на селекција и регрутирање, се третираат како доверливи и нема да бидат достапни за трети лица.

На вработените кандидати им гарантираме дискреција во сите фази од процесот на регрутирање и селекција.

Им благодариме на сите кандидати за нивниот интерес и ја задржуваме дискрецијата да контактираме само со кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг.

Вашето CV и мотивационо писмо можете да ги испратите ги преку полето Брза Апликација

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде