Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Адреса: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје

Друштвото за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА е дел од RSM International, моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Со над 40 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери.


РСМ МАКЕДОНИЈА, објавува оглас за работно место Сметководител канцеларија во Скопје:
 
 

Основните работни задачи за оваа позиција ги опфаќаат следните обврски:

  • Книжење и организирање на одделни типови документи
  • Комуникација и преземање на документи од клиенти
  • Општа комуникација и навремено добивање на документи од клиентот
  • Вршење на оперативни работи поврзани со сметководство – книжење и организирање на документи од клиентот
  • Изработка на обрасци, кои се поднесуваат во надлежните институции (ДДВ пријави, ДБ, НД и сл.)
  • Изработка на извештаи, побарани од менаџментот на фирмата
  • Постапување согласно Програмата за самоконтрола на книжење

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет (насока Сметководство и ревизија се смета за предност)
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Минимум 3 години работно искуство во областа на сметководството
  • Тимски играч и способност за комуникација
  • Уредност и посветеност кон детали
  • Работва во куси временски рокови
  • Умешност да се работи со голем обем на информации

Компанијата нуди:

  • Менторство, поддршка и соработка со одлични колеги и работа во тим од професионалци
  • Можност за долгорочна кариера
  • Постојан професионален раст и развој
  • Можност за обуки за усовршување во областа
  • Шанса да имате значајно влијание врз нашата организација
  • Интересни тимски активности
  • Канцелариски погодности, пијалоци и грицки


Вашата професионална биографија, ја очекуваме на: hr@rsm.mk, со назнака „За работно место: „Сметководител“.

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

 


 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде