Vrabotuvanje.com - Асистент во сектор сметководство - Скопје - РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во сектор сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Адреса: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје

Друштвото за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА е дел од RSM International, моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Со над 40 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери.


РСМ МАКЕДОНИЈА, објавува оглас за работно место Асистент во сектор сметководство канцеларија во Скопје:
 
 

Основните работни задачи за оваа позиција ги опфаќаат следните обврски:

  • Книжење и организирање на одделни типови документи
  • Комуникација и преземање на документи од клиенти
  • Организација на технички работи (преводи на документи, проверка на документи од правен аспект и сл.)
  • Асистирање при вршење на ревизии

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет (насока Сметководство и ревизија се смета за предност)
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство – не е потребно
  • Тимски играч и способност за комуникација
  • Уредност и посветеност кон детали
  • Работва во куси временски рокови

Компанијата нуди:

  • Менторство, поддршка и соработка со одлични колеги и работа во тим од професионалци
  • Можност за долгорочна кариера
  • Постојан професионален раст и развој
  • Можност за обуки за усовршување во областа
  • Шанса да имате значајно влијание врз нашата организација
  • Интересни тимски активности
  • Канцелариски погодности, пијалоци и грицки


Вашата професионална биографија, ја очекуваме на: hr@rsm.mk, со назнака „За работно место: „Асистент во сектор сметководство“.

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

 


 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде