Vrabotuvanje.com - Магационер - Охрид - Виа Пром Доо Охрид
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Охрид

Рок за пријавување:

  • Виа Пром Доо Охрид

За компанијата

Виа Пром е фабрика за производство на кондиторски производи лоцирана во Охрид. Успешно го извезува својот производен асортиман на странските пазари повеќе од 20 години.

Амбицијата на тимот и неговото долгогодишно искуство и познавање на пазарот придонесува кон континуиран раст и развој што овозможува личен и професионален напредок за секој вработен.

Заради проширување на капацитетите на нова локација во близина на автобуската станица во Охрид (комплекс Златно Јајце), компанијата има потреба од:

МАГАЦИОНЕР


 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема.
  • Претходно работно искуство се смета за предност.
  • Познавање на работа со компјутер.
  • Задолжително поседувње на возачка дозвола Б категорија.

Главни задачи и одговорности:

  • Извршува прием, истовар и складирање на репроматеријали, суровини и други производи за потребите на производствениот процес.
  • Врши подготовка на дневни потреби на суровини и репро материјали како и нивно позиционирање на соодветно место во производствениот погон.
  • Врши подготовка на готовиот производ (редење, пакување, означување, палетирање) и товарење.
  • Преместува, прередува и распределува стоки и материјали во магацините.
  • Прима, пренесува и отстранува растур, оштетени стоки и материјали, кало и друг вид на отпад.
  • Врши контрола врз квалитетот на влезните и излезните стоки и материјали и се грижи неисправните стоки и материјали коишто се наменети за користење на други организациони единици во компанијата или се наменети за испраќање до купците,  воопшто да не бидат примени во магацинот, односно да не бидат испорачани.
  • Според потребата, врши рачни утовари/растовари, управува со вилушкар, рачна товарна количка или возило.
  • Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на претпоставениот.

Личен профил:

  • Способност за работа во тим.
  • Професионален и љубезен однос.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи во зададените рокови.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Работа во една смена.
  • Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.
  • Можности за брзо унапредување.
  • Позитивна работна атмосфера.
  • Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.

Напомена: Местото каде се извршува работата е во Охрид, во близина на главната автобуска станица и поранешната касарна.

Доколку ги исполнувате горе наведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контактирајте не на телефонскиот број 075 229 858 (понеделник - петок од 8ч - 17ч).

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде