ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ Скопје е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 29 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
Обврски и одговорности:
- Обезбедува ефикасна примена на системот за управување со квалитет на производот кој е предмет на дистрибуција
- Присуствува и комуницира со регулаторни инспекции, интерни и екстерни контроли
- Издавање и верификација на налозите за терциерно пакување, ослободување на сериите на готов лек и трансфер во комерцијален лек
- Контрола на целокупниот процес за обработка на артикли во Терциерно производство
- Одговорен за прием, складирање и издавање на артикли со ознака наркотика и водење на книга за наркотика
Потребни квалификации:
- ВСС - Фармацевтски факултет
- Задолжително да поседува лиценца за вршење фармацевтска дејност
- Пожелно е искуство во веледрогериско работење
Потребни вештини и способности:
- Познавање на MS Office
- Комуникациски и организациски вештини
- Почитување на зададени рокови
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација.
Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk
