Vrabotuvanje.com - Јуниор референт за трговија со енергија - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јуниор референт за трговија со енергија

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:


Јуниор референт за трговија со енергија (реон Скопје)


РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Подготовка на документи за реализирана количина на електрична енергија (трговија и производство)
  • Подготовка на номинации за трговија и производство на електрична енергија
  • Следење на потрошувачката и плаќањата на клиентите
  • Подготовка на извештаи за Регулаторната комисија за енергија и MEMO
  • Администрација на документација поврзана со управување со ризик, CCPs и договори за трговија со електрична енергија
  • Извршување на други задачи поврзани со областа на работењето. 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Висока стручна спрема од областа на Електротехника, Машинство или Економија
  • Сертификат за самостојна работа на енергетската берза (предност)
  • Минимум 1 година релевантно искуство во трговија со електрична енергија (предност за искуство во трговија со регионални берзи)
  • Детално познавање на мрежните правила за пренос и дистрибуција
  • Добро познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
  • Солидно познавање на деловен англиски јазик

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Силни интерперсонални и комуникациски вештини
  • Добри организациски вештини
  • Способност за решавање проблеми и ориентираност кон тимска работа
  • Одговорност и посветеност кон работата
  • Мобилност и флексибилност

НУДИМЕ:
  • Работа во интернационална компанија
  • Конкурентна плата.
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место.
  • Организирана исхрана од компанијата
  • Приватно здравствено осигурување
  • Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот
  • Новогодишен надоместок 
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
  • Можност за кариерен развој.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате. 
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде