Vrabotuvanje.com - Вработување на градежни работници во Италија - Италија - Formedil
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Вработување на градежни работници во Италија

Италија

Рок за пријавување:

  • Formedil

FORMEDIL

КОНКУРС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ ВО ИТАЛИЈА

Formedil, Институција за обука и безбедност од Р.Италија, објавува КОНКУРС за избор и вработување на градежни работници од Р.Северна Македонија во италијански градежни компании, со договор од времетрење од најмалку 6 месеци со можност за продолжување, под следниве услови:

  • Кандидати на возраст од 18 до 35 години;
  • Поседување на пасош валиден најмалку за следните 2 години;
  • Добра здравствена состојба и способност за работа на градилишта;
  • Пожелно е 12 месеци претходно работно искуство на градилиште (дури и ако не е континуирано)
  • Поседувањето на возачка дозвола е пожелно
  • Познавањето на италијанскиот јазик е предност.

Информации:

  • Избраните кандидати ќе бидат информирани и поканети на индивидуални интервјуа со претставници на италијански компании и проектни партнери.
  •  Кандидатите избрани по индивидуалните интервјуа ќе добијат бесплатна 2-месечна обука по италијански јазик и култура, здравје и безбедност при работа и дополнителна техничка обука (вкупно 220 часа) во Скопје.
  • Успешните кандидати ќе мораат да поминат медицински прегледи за да добијат сертификат за здравствена способност потребен за работа во Италија, издаден од италијански лекар специјалист во согласност со италијанското законодавство.
  • Трошците за сместувањето и оброците за време на курсот кој ќе се одржи во Скопје, ќе бидат на товар на избраните кандидати.
  • Трошоците за визата и авионските билети ќе ги сносат италијанските работодавци.
  • Кандидатите кои го завршиле целиот курс за обука ќе можат да работат во градежни фирми во Италија под следниве услови:
  1. Да го поминат испитот за италијански јазик и култура и да добијат сертификат кој потврдува познавање на јазикот кој одговара на ниво А1;
  2. Да го поминат завршниот испит во областа на здравјето и безбедноста на работното место и да добијат сертификат, во согласност со италијанското законодавство.
  3. Да го поминат испитот за техничка и професионална обука.
  4. Да добијат сертификат за способност за работа издаден од италијански лекар, во согласност со италијанското законодавство. Овој сертификат  ќе биде издаден само на кандидати кои ги поминале медицинските прегледи извршени од италијанскиот професионален лекар. (Медицинските прегледи ќе бидат извршени во Македонија пред заминувањето).

Редовниот престој во Италија ќе биде регулиран на долгорочна работна виза. Успешните кандидати ќе бидат придружувани во сите административни формалности.

Кандидатите ќе бидат ангажирани од италијански компании со редовен договор за вработување со минимално времетраење од 6 месеци.

Заинтересираните кандидати може да испратат апликација и биографија на емаил: skopje@ice.it  најдоцна до 2 април 2025 година. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде