Раководител на смена во производство - технолог
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за работа во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО - ТЕХНОЛОГ
- Контрола на квалитетот на влезни сировини, репроматеријали и готов производ
- Следење и одржување на квалитетот на готов производ врз основа на лабараториски анализи
- Согледување и анализирање на производствениот процес, предлагање на мерки и разрешување на техничко-технолошките проблеми
- Континуирано имплементација и одржување на системот за безбедност на храна
- Учество во техничко-технолошките процеси за унапредување на производството
- Учество во креирање на развојни програми, нови производи, пакувања и сл.
- Следење на функционирањето и исправноста на постројките и превземање на мерки за отстранување на дефекти согласно стручната спремност
- Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање на работењето во смената
- Кандидатите со ВСС- Технолошки факултет и Факултет за земјоделски науки и храна или претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 3 (три) години ќе имаат предност при изборот
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Одличо познавање на MS Office пакетот.
- Способност за работа во тим
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност
- Организираност и одговорност
- Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 45.000-50.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи)
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи
- Обезбеден оброк
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера
- Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство
- Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил)
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!