Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
ВОДОИНСТАЛАТЕР
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование
- Општи технички познавања
- Познавање на материјалите, алато
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Возачка дозвола Б категорија
Опис на работата:
- Изведување на водовод и одвод на нови објекти
- Реконструкција и замена на дотраена водоводна и одводна инсталација во постоечки објекти
- Отстранување на дефекти на водоводната инсталација
- Фина монтажа на санитарии
- Вршење поправки и замена на казанчиња, вц школки, батерии и слично
- Спецификација на потребен материјал за набавка
- Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата
- Одржување на водоводна инсталација
- Извршување на други технички работни задачи по потреба
Дополнителни критериуми:
- Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа
- Сериозен пристап кон зададените задачи
- Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови
- Лојалност, доверливост, чесност, професионалност, ефикасност и флексибилност
- Спремност за работа надвор од Скопје – без преспивање
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
- Колективно осигурување од несреќа
- Платени дополнителни часови прекувремено
- Платен годишен одмор
- Можност за напредување во кариера
- Избор на рачен алат по желба
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и
постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) на следната email адреса:
jobs@fms.com.mk, со задолжителна назнака на апликацијата ВОДОИНСТАЛАТЕР
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
