Во салата Борис Трајковски продолжува имунизацијата против ковид 19. За денеска се закажани лицата помлади од 75 години.
Интересот е голем вели министерот Филипче, но на вакцини ќе се чека. 200-те илјади кинески вакцини ќе стигнат на 28 април, рече министерот, со што вакцинацијата ќе продолжи и во другите градови, не само во Скопје.
Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат.
-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.
Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.
Извор : https://telma.com.mk/