Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани.
Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен
(7.5 %).
Сепак што покажуваат податоците во однос на тоа кој ја има највисоката просечна плата по сектори. И без многу изненадувања со 70.942 денари просечна плата за февруари убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.
По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии.
- компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари
- фармацевтска индустрија 46.720 денари
- снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари
- воздухопловен транспорт 43.372 денари
- телекомуникации 41.742 денари
- финансиско услужни дејност 45.140денари
- стручни научни и технички дејности 55.895 денари