Информациите од терен се дека оваа година пред Велигден има значително намалена понуда на јагнешко месо, а со тоа и цената се очекува полека да расте и да се движи од 350 до 380 денари за еден килограм во малопродажба. Овој тренд се должи на зголемениот извоз на јагне за време на католичкиот празник Велигден, и тоа првенствено на традиционалните пазари во Италија, Хрватска и во Грција.
Во изминатите години цената била околу 100 денари пониска.
Се највува и зголемување на цената на свинското месо пред се поради зголемување на истата на пазарите од каде се увезува но и заради недостаток на месо со појавата на свинската чума во некои од најголемите земји производители на свинско месо.
Во делот на пилешкото, односно јунешкото месо, нема да има зголемување на цените.