Заклучно со денешниот ден, полицискиот час почнува од 20 часот до 05 часот изутрина, а од утре треба да имаме нови мерки кои денеска ќе бидат препорачани.
Минатиот понеделник, односно на 19.април, владиониот кризен штаб препорача одредени рестриктивни мерки кои би важеле до 15 мај.
Според нивниот предлог од утре полицискиот час да почнува од 21 часот до 05 часот изутрина, како и да се отворат угостителските објекти за работа, но само летните тераси.
Според министерот за здравство Венко Филипче епидемијата бележи надолен тренд а мерките дале резултати. Сепак тој предупредува дека таа може многу бргу да се дестабилизира, доколку не се почитуваат мерките. Тој во објава на Фејзбук ги повика граѓаните одговорно да се однесуваат за време на претстојните празници, без групирање и прекршување на мерките за заштита од Ковид-19.
Инаку бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 16858, а на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1507 пациенти.