Една од најголемите инвестициски банки, JPMorgan, подготвува понуда за фонд за инвестирање во биткоини.
Фондот за биткоин на JPMorgan може да биде лансиран уште ова лето, изјавија за CoinDesk два извори запознаени со ова прашање.
Фондот за биткоин на JPMorgan ќе биде активно управуван, изјавија неколку извори на CoinDesk. Ова е значително отстапување од пасивната стратегија која ја нудат крипто-индустриските компании како „Pantera capital и „Galaxy digital“, кои им овозможуваат на клиентите да купуваат и држат биткоини преку фондови, без тие самите да бидат контакт. Galaxy и NYDIG сега им нудат на клиентите на Morgan Stanley биткоин fondovi.
Фондот на JPMorgan ќе биде наменет за клиенти со приватно богатство, изјави извор запознат со ситуацијата за CoinDesk.
Потегот на JPMorgan претставува ненадеен пресврт за банка од три трилиони долари.
Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Димон, го нарече биткоинот опасна измама во 2017 година, заканувајќи се дека ќе го „отпушти во секунда“ секој трговец кој ќе го допре биткоинот. Подоцна зборуваше поинаку, но гласно се залагаше за регулирање на биткоинот, а тоа е истовремено токму она што љубителите на криптовалутите не сакаат да го слушнат.
„Ако сте доволно глупави да го купите, ќе ја платите цената еден ден“, рече тој во тоа време.
И покрај личниот презир на извршниот директор према крипто светот, замениците во неговиот оддел за корпоративно и инвестициско банкарство признаа во февруари дека побарувачката на клиентите може да ја принуди институцијата да го смени својот став. И, се чини дека тоа се случува токму сега
Оптимизмот се врати
Најпопуларната криптовалута биткоин скокна осум проценти на почетокот на новата недела, со што се прекина негативната петдневна серија. Вредноста на биткоинот доцна попладне беше 53,757 долари Етере и XRP, скокнаа девет и петнаесет проценти, соодветно.
Извор : https://denar.mk/