Пред да започнете со пишување на препорака потребно е да следите неколку чекори и конкретни примери кои ќе ви дадат идеја за тоа како треба да изгледа и што е важно да содржи истата.
Ви предлагаме да ги прочитате основните правила, кои би ви помогнале да составите квалитетна препорака и добра презентација на личноста што ја препорачувате.
Препорака на вработен – професионално писмо со препорака од вработен најдобро ќе го напише неговиот шеф или негов претпоставен. Писмото треба да содржи анализа на способностите на работникот, да биде кратко, јасно и концизно и да ги содржи сите потребни информации за пртходниот работен однос на кандидатот . Со овој чекор идниот работодавец би заштедил време што вообичаено би го вложил при поставување прашања за време на интервју.
Пример за препорака na вработен:
Голема чест е да напишам препорака за Ана Р. До неодамна бев нејзин директор . Сметам дека е пријатна, дарежлива личност пред сé лојална, која успешно се справила со деловните предизвици . Ана е способна, независна личност со одлични комуникациски вештини и успешно ги совладува деловните задачи. За време на нејзината четиригодишна работа во „компанија д.о.о.“ Ана даде исклучителен придонес за зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашето секојдневно работење.
Покрај тоа што е професионална и посветена на својата работа, Ана стана и добра пријателка на многумина од нас. Горди сме на нашите корпоративни вредности за кои Ана, како вредна и лојална личност , даде значаен придонес. Таа секогаш преземаше организација на неформални деловни собири и градење на тимови, поради што во нашата мала деловна заедница таа беше важна алка што не одржуваше заедно. На овој начин, таа ни овозможи голем број на убави и забавни моменти кои со задоволство ги паметиме и денес. Јас искрено би ја препорачал како секретарка во канцеларијата на извршниот директор на Вашата компанија. Ана е вистински тимски играч, пријатна и прилагодлива личност која ги извршува секојдневните задачи со неверојатна леснотија и во која секогаш може да верувате.
Со почит,
Петко Петковски директор
Компанијата д.о.о
Препорака за личност - Овој вид препорака може да го напише некој близок пријател, член од семејството и други важни познаници на поединецот. Целта на ова писмо е да ги нагласи личните квалитети на лицето кои можат да бидат корисни во различни случаи.
Пример за препорака на личност :
Почитуван господине,
Го познавам Петко петковски цели 15 години. Тој е добар пријател, личност од доверба, интелигентен и одличен лидер. Го запознав кога беше асистент на Економскиот факултет во Загреб. Даде исклучителен придонес за нашата академска заедница и иницираше неколку успешни проекти и истражувања за кои добивме признание од Министерството за образование.
Петко ја напушти работата како асистент затоа што заеднички основавме компанија која обезбедува истражување на пазарот и маркетинг проекти. Благодарение неговата способност да управува со клучните операции ја добивме наградата за втора најуспешна млада компанија според престижниот ,, Бизнис свет “.
Огромно задоволство е да се напише препорака за господинот Петковски. Тој е човек кој ќе даде извонреден придонес за Вашата компанија.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ме.
Срдечен поздрав,
Перо Периќ,
Академска препорака – Оваа препорака е напишана од страна на наставник, професор или тренер кој зборува и одлично ги познава квалитетите на личноста или вработениот во образовниот систем кој нема потреба постојано да укажува на добрите резултати на поединецот за време на неговото образование.
Пример за академска препорака :
Почитувани,
За мене е задоволство и чест да напишам препорака за Марин, кој аплицираше за трет циклус на студии на Економскиот факултет во Скопје. Го познавам три години, беше мој најдобар студент за подоцна да ги заврши своите магистерски студии и да продолжи да работи како мој асистент.
Од самиот почеток на студиите го забележав неговиот талент. Тој беше меѓу најуспешните студенти кои добија стипендија од реномирана компанија. Тој е вреден и љубопитен и несомнено дека ќе успее во своите цели и намери. Еден ден сите ќе бидеме горди на новиот доктор на науки во нашата академска заедница.
Срдечно,
Проф. Др. Ристовски,
Приватен Економски факултет