![Денес без полициски час](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/98/735cc189-resize-820x0x100.jpg)
Вечерва и утревечер полициски час нема да има. Според одлуката на Комисијата за заразни болести, а усвоено на владина седница, полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува еден час подоцна, во 21:00.
Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се помал е бројот на заболени, а попушта и притисокот за прием во болниците.
извор: tv21.tv