Наместо во понеделник, како што е практика секоја седмица, Комисијата за заразни болести овој пат ќе заседава во петок, ден по празникот Рамазан Бајрам, при што тогаш ќе се знае дали ќе има ново олабавување на мерките против ширење на болеста, односно дали ќе биде укинат полицискиот час, носењето на маски на отворено и забраната за организирање на свадби.
Според тоа што бројките на новозаболени од ден во ден се намалуваат, се очекува и мерките за заштита да се олабавуваат, но сеуште не е сигурно какви мерки, односно одлуки ќе бидат донесени.
И угостителите со недели веќе чекаат да можат да почнат да работат без ограничувања, а и да можат да организираат поголеми прослави, според строго утврдени протоколи.
Изјавата на угостителите погледнете ја во видеото во продолжение: