Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, во текот на престојниот викенд и в понеделник, од 15 до 17 мај, без електрична енергија ќе останат општините Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.
Утре без електрична енергија во период од 10:00 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Охридска“, „Титовелешка“ „Стеван Цветковски“, „Преспанска“, „Раде Јовчевски Корчагин“ во Маџир Маало, општина Центар.
Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Тајмишка“, непарни броеви 1а, 1б, 3а, 3б, 5а, 5б, 7а, 7б, 9а, 9б, 11а, 11б, парни броеви 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16 и 18, како и корисниците од улица „Коце Металец“ броевите 100, 102, 104, 106, 108, 110, 139а, 139б, 141а, 141б, 143а и 143б, во општина Гази Баба.