Мерките против коронавирусот на Балканот постепено почнаа да се укинуваат или олеснуваат
Турција, која сè уште е во национална блокада, планира да премине во постепено олеснување од следната недела, кога дневниот број на нови случаи на коронавируси ќе падне под 10.000. Планирано е први да почнат со работа малите комерцијални објекти, а потоа да бидат обновени предавањата и вежбите на некои факултети, пренесува БНР.
Грчката верзија на „зелен сертификат“ за патување на островите, со исклучок на Лефкада и Евија е во сила во Грција од петокот. Патниците мора да имаат потврда за вакцинација, негативен ПЦР резултат на или документ за прележан Ковид-19.
Кипар воведе специјални пропусници – „коронапасоши“, кои се однесуваат на лица вакцинирани со најмалку една доза или кои имале коронавирус во последните шест месеци. Туристите кои имаат потврда за вакцинација ќе бидат примени во земјата без потреба од ПЦР-тест и нема да бидат предмет на карантин, се додека имаат потврда од кипарските власти и поминале одреден број на денови по вакцинирањето.
Властите во Романија го укинаа задолжителното носење маска на отворено, освен на фреквентни места како што се пазари, плоштади и постојки за јавен превоз.
Во Србија, рестораните и кафулињата се отворени, а капацитетоте во затворнеиот дел можат да бидат полни до 50 проценти. Ноќните клубови остануваат затворени. Забраната за собирање на повеќе од пет лица останува во сила.
Во Словенија, средните училишта и универзитетите продолжуваат со физичко присуство од понеделник. Во затворените делови на установите ќе се служат само гости кои биле вакцинирани со две дози или имале Ковид-19 во последните шест месеци или имаат негативен резултат од тестот не постар од 48 часа.
Во Хрватска, Албанија и Косово продолжува трендот на опаѓање на нови случаи на инфекција со коронавирус, а процесот на вакцинирање добива на интензитет.