Предмет на јавниот повик е субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати ирепроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје. Градот Скопје има за цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање преку субвенционирање на занаетчиите во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријали, и тоа до 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари.
Барањата од занаетчиите ќе ги разгледува Комисија за спроведување на постапкатаза субвенциoнирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје, формирана од Градоначалникот на Град Скопје. Изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот “прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликацијата, до исцрпување на расположивите средства.
Субвенционирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидените намени настанати во рамки на договорниот период од 01.01-10.12.2021 година.
Поднесување апликација во хартиена форма
Барањето за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик наадреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. “Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати ирепроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2021 година.
Поднесување апликација по електронска пошта
Барањето за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје, со комплетната документација наведена во барањето, треба да се достават скенирани на следниот линк https://aplikacii.skopjelab.mk/zanaetcii/ најдоцна до 10.12.2021 година.