За две недели официјално треба да почне исплатата на К-15 за сите кои биле вработени кај ист работодавец најмалку шест месеци оваа година. Исплатата на овој регрес наменет за годишен одмор според закон и Колективен договор треба да заврши до крајот на годинава.
Дали домашните компании, годинава, ќе ја искористат можноста за двојно зголемен регрес за годишен одмор, работниците ќе знаат за околу еден месец. Владата понуди можност за зголемување на прагот на ослободување на оданочувањето со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40 на 80 отсто.
Ако како основа за пресметка се земат просечните плати за декември, јануари и февруари, минималната сума за регресот за годишен одмор, исплатен сега, би изнесувала околу 11.300 денари. Но, ако се користи новото даночното ослободување до 80 отсто, сума би можела да биде двојна. Актуелно, сумата што е предвидена како минимална во Колективниот договор, изнесува 40 проценти од просекот на трите просечни нето плати во државата објавени од Државниот завод за статистика, пред исплатата.
Според Општиот колективен договор, работодавачите кај кои настанале тешкотии во работењето, може да исплатат и помал износ на К-15, без да се прецизира дали фирмата е во загуба