Интервјуто за работа се одвива точно како што се надевавте. Ги исполнувавте сите потребни квалификации, вашата презентација беше самоуверена и верувате дека имате големи шанси да ја добиете оваа работа.
Потоа го слушате добро познатото прашање: „Која е вашата очекувана плата?“
Вистина е дека повеќето компании имаат добро дефиниран опсег на плати во зависност од позицијата. Ова прашање честопати се поставува за да се утврди како се оценувате, но и да се утврди дали вашите очекувања се во согласност со она што тие можат да го понудат. Затоа, работодавачот често инсистира да го наведете точниот износ на плата што би ве задоволил.
Што да направите кога ќе се најдете во таква ситуација?
Направете детално истражување
Прво, дефинирајте колкав е опсегот на плата за работата што ве интересира. Потоа земете ги предвид градот во кој се наоѓа компанијата, платата која се нуди , марката, но и вашето релевантно работно искуство досега.Ако ви треба помош побарајте на МОЈА ПЛАТА
Внимателно изберете ја платата
Ако знаете дека плата од 500 евра не ве задоволува, не кажувајте дека би биле подготвени да прифатите плата од 500 до 700 евра. Секогаш внимателно размислете за прифатлива долна граница, бидејќи може да се случи вашиот работодавач да ви ја понуди токму таа цифра.
Вашата плата и Вашите потреби се две различни работи, не ги мешајте!
Идеално, платата може да ги покрие сите трошоци што ги имате, но, имајте го во предвид она што го нуди пазарот. Ако платата за вашата посакувана работа во моментов е помеѓу 500 и 700 евра, не можете да очекувате од вашиот работодавач да ви понуди повеќе или онолку колку што мислите дека ви треба. Осигурајте се дека вашите очекувања се во согласност со она што го нуди пазарот.
Платата е табу-тема на денешницата
Би било идеално ако вие и работодавачот имате исти очекувања во врска со вашата идна плата, но, и ако малку се разликуваат, може да се постигне договор. Најважно е ова да не стане табу - тема: кога ќе ве прашаат за очекувањата, едноставно одговорете им врз основа на подготовките што сте ги направиле пред интервјуто за работа. Аргументирајте и покажете дека сте биле добро информирани и сте размислувале за темата пред да дојдете на интервјуто.