Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 25.05 .2021 година, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до работодавачи за вклучување во мерката Субвенционирање на плати
1. Се повикуваат заинтересираните работодавачи микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации кои се занимаваат со економска активност при вршење на својата дејност, а кои имаат потреба за вработување на соодветни лица да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ.
2. Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.
3. Право на учество ќе имаат работодавачи кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Вкупниот број на работници на денот на аплицирање и пред реализацијата на поддршката не треба да биде помал од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година, освен ако причините за намалување на бројот на вработени лица на неопределено време се поради прекин на работниот однос поради отказ од страна на работникот,остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа.
- Ги имаат подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Немаат финансиска загуба во претходната година освен ако загубата е направена поради капитални инвестиции од страна на правниот субјект;
- Работодавачот да има најмалку едно вработено лице на неопределно време, со исклучок на граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице;
- Лицата на кои работниот однос (на определено или на неопределено време) им престанал една година пред вработување во активна мерка , истите нема да бидат подржувани со повторни вработувања кај истиот работодавач, со исклучок на граѓанските организации.
- Бројот на ново-вработени лица кои работодавачот може да ги вработи преку програмата Субвенционирање на плати, не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени лица во претходната календарска година, при што максималниот број не може да биде поголем од 5 лица кај еден работодавач.
4. За Работодавач што има едно вработено лице, граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице и правните субјекти формирани по 01.07.2020 година максималниот број на поддржани вработувања изнесува едно лице.
5. За вработување на едно лице, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 3, 6 или 12 месеци по вработено лице. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата од субвенционираниот износ.
6. Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 6, 12 или 18 месеци.
7. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно
- Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19;
- Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
- Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија
8. Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на буџетските средства наменети за оваа мерка.
Огласот ќе трае од 25.05 до 28.05.2021 година.
Напомена: Лицата кои имаат аплицирано на претходниот оглас немаат потреба на повторно аплицирање на овој оглас во Центрите за вработување, ќе се земаат предвид во понатамошна постапка
9. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, контакт телефонот 02-3111-850 лок.223 и веб страната www.av.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА