Доколку продолжат истите позитивни трендови во врска со ситуацијата со ковид-19, по 15 јуни може да се очекува укинување на полицискиот час и да се дозволи организирање на други настани, како што се концертите. Во меѓувреме, се подготвуваат и протоколите.
Ваквите најави ги даде министерот за здравство Венко Филипче велејќи дека е одлична вест што последното деноноќие во Скопје не е хоспитализиран ниту еден нов пациент.
„Трендот е еднаков и во другите градови во земјата, нема притисок повеќе во инфективните одделенија. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани и концерти – тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци, за да се донесат соодветни протоколи. Што значи, ако продолжат овие бројки и трендови, после 15 јуни може да се очекува дополнително олеснување на рестриктивните мерки. Тука мислам на две работи, прво полицискиот час и второ препораките за организација на други настани“,
рече Филипче.