Од почетокот на здравствената криза предизвикана од ковид 19 вирусот, Цементарница УСЈЕ во континуитет му дава поддршка на јавното здравство и досега реализирани се донации во вкупна вредност од околу 100.000 евра, соопшти компанијата. Во рамките на овие донации УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Покрај ова, донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија.
– Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнително, УСЈЕ донираше и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ 8-ми Септември, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија – Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија – Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина, додаваат од УСЈЕ.
Плата до 30.000 денари - Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН има потреба од ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ - АПЛИЦИРАЈТЕ!