Роботите ќе го “нападнат“ банкарскиот сектор
Американската банка Citigroup најави дека би можела да отпушти половина од своите 20.000 вработени во технолошкиот и оперативниот сектор во следните 5 години поради динамиката на подемот на вештачката интелигенција и роботите кои се способни да ги заменат луѓето.
Во интервју за Financial Times, Џејмс Форесе, инаку извршен директор на банката, изјави дека оперативните работни позиции се најпогодни за воведување на т.н машинско процесирање.