Профилот на компанија е вашата лична карта на пазарот на трудот! Претставете се пред вистинската публика, на вистинско место и во вистинско време. Зошто треба да имате профил на компанија на Vrabotuvanje.com.mk
Континуитет во комуникацијата, ние ја работиме вашата работа
Еден од најголемите предизвици за компаниите е што одговорните за овој дел се прашуваат каква содржина да подготват. Секојдневната комуникација што ја имаме со кандидатите, ни овозможи добро да знаеме што тие сакаат да слушнат и можеме брзо и лесно да ви помогнеме да ја насочите вашата содржина во насока што и одговара на вашата компанија.
Штом содржината е подготвена, ние ја промовираме преку нашите канали и со тоа ја олеснуваме вашата работа. Со еден збор, ние ќе се погрижиме вашиот профил да биде на вистинското место во вистинско време.
Бидете видени од вистинската публика, на сајт со над 500.000 посети месечно
Страницата Vrabotuvanje.com.mk ја посетуваат сите профили на кандидати: веќе вработени, т.н. „пасивни кандидати“, невработени, оние кои бараат прва работа, оние кои бараат подобра работа, луѓе без искуство, луѓе со долгогодишно искуство, оние на високи позиции и оние на занаетчиски работи. Сите тие се таму и придонесуваат страницата Vrabotuvanje.com.mk да биде посетена повеќе од 500.000 пати месечно.
Овој број е во постојан пораст со години и сигурно е дека посетата ќе биде само поголема.
Кандидатите се информираат за вас
Истражувањето што го спроведовме, јасно покажува дека 7 од 10 кандидати прво ќе го погледнат профилот на вашата компанија, па дури потоа ќе одлучат дали да аплицираат во вашата компанија.
Ако некогаш сте се регистрирале на нашата страница, веќе имате профил што го посетуваат кандидатите. Ова е обично основен профил со вашите општи информации и може да се случи да генерирате голем број посетители во делот што не содржи скоро никакви корисни информации за кандидатите.
Пронајдете ја вашата компанија и проверете како изгледа вашиот профил ОВДЕ.
Во случај да немате пополнет и ажуриран профил, а вашата конкуренција има, постои голема веројатност тоа да е делумна причина што имате помалку апликации на некои од вашите огласи.
Тука е и вашата конкуренција
Свесни сме дека знаете кој е вашиот најголем конкурент во однос на вработувањето, кој е во зграда блиску до вас или кој работи на слични проекти. Ние веруваме дека го следите она што тие го прават и ние го поддржуваме тоа затоа што е добро да се има конкуренција. Конкуренцијата не мотивира да бидеме подобри.
Кога станува збор за регрутирање на кандидати, тоа е сериозна борба и честопати нијансите одлучуваат.
Замислете потенцијален квалитетен кандидат кој ви одговара и вам, но и на вашата конкуренција. Тој во моментов е на нашата страница на која дошол директно, преку Google или бил таргетиран од наша страна.
Тој кандидат, за кого вие и вашата конкуренција се борите, на вашиот профил не наоѓа информации за вашата компанија, а истовремено гледа пополнет профил на вашата конкуренција во која му се обраќаат вработените во таа компанија, чита нивни искуства и успешни приказни, гледа проекти, тимска дружба, бенефиции... Логично е дека шансите да се откаже од вас и да аплицира кај конкурентот се поголеми.
Да се има активен профил на компанија не гарантира дека ќе вработите некого, но сигурно ќе се му се најдете на радарот во одреден момент.
SEO - Кратенка за Search Engine Optimization или процес на оптимизација на пребарувач
Во превод, колку е повисока вашата позиција во резултатите од пребарувањето на Google, толку се поголеми шансите да се слушне за вас.
Тест: во режим инкогнито на Google, напишете го името на вашата компанија + зборот работа (нашата статистика покажува дека кандидатите најчесто бараат работа користејќи вакви фрази).
Ако имате добро оптимизирана страница, обично ќе се појави линк до неа, а следно ќе биде линк до вашиот профил на нашата страница.
Нашиот веб-сајт е генерално добро оптимизиран и веројатно е дека вашиот профил на Vrabotuvanje.com.mk ќе се најде дури и над вашата веб-страница во резултатите од пребарувањето.
Имајќи предвид дека голем дел од посетата на профилите доаѓа од Google, а познато е дека сте осудени на пропаст доколку сте на втората страница од пребарувањето на Google, ние се грижиме тоа да не ви се случи.
Прилагодување на мобилни уреди
Посетата на сајтот преку мобилни уреди изнесува рекордни 80% и очекуваме оваа бројка да расте во нагорен тренд.
Се обидовме да ја прилагодиме целата содржина на мобилни уреди. Така, профилите на компаниите се целосно респонзивни затоа што сме свесни за важноста на видливоста на содржината во мал простор како што е екранот на мобилен.
Немате трошоци за одржување
Ваше е само да ни испратите содржина која редовно ќе се ажурираме. Ние ја одржуваме целата платформа. Зад оваа услуга стои цел тим кој е посветен на постојани подобрувања и современи предизвици со цел да биде во чекор со светските трендови.
Обезбедете информации за кои знаеме дека кандидатите се заинтересирани
Веруваме дека имате идеја како да ја претставите вашата компанија и како да го искористите просторот за Профил на компанија. Меѓутоа, ако ви кажеме дека кандидатите се најмалку заинтересирани за тоа како вашиот извршен директор ја основал компанијата и дека најмногу ги интересираат бенефициите што можат да ги очекуваат од вашата компанија како работодавач, ќе се изненадите.
Имате автономија
За да имате добар профил, не е потребно зад себе да имате сектор за корпоративни комуникации. Не е потребно ниту да ангажирате надворешни соработници. Не е потребно експерти да пишуваат текстови за вас, ниту да ангажирате професионални фотографи. Во повеќето случаи, веќе ја имате содржината. Ако не сте сигурни од каде да започнете, прашајте го последниот што дошол во вашата компанија - зошто се вработивте таму. Претворете го во текст и доставете ни го!
Големите меѓународни компании најчесто добиваат стратешки насоки од седиштето. Честопати овие упатства значат и забрани за отворање локални страници на Фејсбук. Во такви случаи, компаниите користат профил на компанија на Vrabotuvanje.com.mk, затоа што на тој начин успеваат да ја локализираат стратегијата преку најсилниот канал во Македонија, што е исклучително важно.
За стабилните компании кои се на добар пат, секогаш го препорачуваме профилот на компанија како почеток на приказната и прв чекор во Employer Branding-от. За сите подетални информации за профилот на компанија на Vrabotuvanje.com.mk контактирајте не на karolina@vrabotuvanje.com.mk.