Ако препораката е позитивна од страна на епидемиолозите, би можела веднаш да се спроведе.
Мерки кои денеска ќе ги разгледува Комисијата на епидемиолози во Грција се дополнително скратување на полицискиот час и продолжување на работното време на угостителските објекти, како и укинување на забраната за музика во кафулињата и рестораните.
Ако препораката е позитивна од страна на епидемиолозите, би можела веднаш да се спроведе, а портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервју за грчката телевизија „Скај“, не ја исклучи можноста во текот на денот да бидат соопштени одлуките.
Таа рече дека владините одлуки се базирани на препораката од Комисијата, па затоа ќе го чекаат исходот од состанокот.