Прочитајте го искуството на Сандра Автовска, Менаџер за интерна продажна мрежа во Кроациа Осигурување Живот
Јас сум Сандра Автовска. Во компанијата сум веќе 4,5 години. Почнав како Советник за животно осигурување. Потоа станав Финансиски советник за животно осигурување, а веќе после 7 месеци станав ВИП советник за животно осигурување.
Од октомври 2020 година сум на работна позиција Менаџер за интерна продажна мрежа.
Имав среќа, во компанијата да учам од луѓе кои ми покажаа колку е важна меѓусебната мотивација, довербата, отворениот разговор, посветеноста и тимскиот дух за севкупното работење и искачување на скалите на успехот, па токму на тие основи почива и моето работење со тимот и тоа посебно ме исполнува, а воедно е едно од нештата поради кои е добро да се биде дел од семејството на „Кроација“.
Во моментов Кроациа Осигурување Живот има потреба од Менаџер за продажба на животно осигурување во интерна продажна мрежа - АПЛИЦИРАЈТЕ!