Работници за работата во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница, а дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена, предвидува предлог Законот за работнитe односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври оваа година.
Според направените анализи, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92 отсто од работниците во државата.
Истовремено, со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи се работи за дејност која не може да се прекине. Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Имплементацијата на законот ќе биде следена од Инсекторатот за труд. Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора тоа да го пријават во Инспекторатот.
извор: lokalno.mk