На социјалните мрежи се појави видео од паркинг во Мумбај кои покажуваат што може да се случи кога градежниците не ја завршат својата работа како што треба…
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како еден автомобил буквално тоне вертикално во дупка во асфалтот се додека не потоне целосно!
Имено, ова се случило затоа што на паркингот претходно имало бунар, стар скоро 100 години, кој потоа бил покриен со тенок слој од бетон со цел да се направи паркинг простор за жителите.
Неодамнешните обилни дождови и големата количина на вода што ја натопила земјата на некои места го оштетила асфалтот, па така и оваа веќе постоечка дупка се отворила и го проголтала автомобилот. За среќа, во моментот на „потонувањето“ на возилото, во него немало никој.
Извор: slobodenpecat.mk
“I thought I parked it right here.” pic.twitter.com/pgC8Qc7xJW
— Rex ChapmanZanimljivosti
- Најдосадниот пат на светот: 240 километри без ниту една кривина
Најдосадниот пат на светот се смета делницата од 256 километри без ниту еден свијок, угорнина или надолнина, која минува низ пустината Руб ал-Хали во Саудиска Арабија.
- Ќе работиме 3,5 дена во неделата И ЌЕ ЖИВЕЕМЕ 100 ГОДИНИ
Џејми Дајмон, главниот извршен директор на JP Morgan, заговорник на напорна работа и работа од канцеларија, вели дека идните генерации вработени би можеле да работат ден и пол помалку секоја недела, благодарејќи на вештачката интелигенција.
- НАСА нуди награди од 3 милиони долари за решавање на проблем кој не е ракетна наука
НАСА ги повикува иноваторите да се справат со високите трошоци на лунарните мисии со преиспитување на управувањето со отпадот. За да одговори на овој предизвик, агенцијата го лансираше LunaRecycle Challenge, вреден 3 милиони долари, со цел да го претвори цврстиот отпад во употребливи производи за идните мисии за истражување на Месечината и Марс.
- Од Токио до Белград – каде Македонците ќе ја дочекаат Новата година?
Новогодишната ноќ е време кога многумина сакаат да ја прослават на посебен и на незаборавен начин. Оваа година, според туристичките агенции, најпривлечни дестинации за дочек на Новата година се Јапонија, Шри Ланка, како и поблиските Србија, Грција и Турција.
- Куче робот им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни
Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои спроведуваат технолошки експеримент во Корнвол.
- Објавена листата на најубавите Божиќни базари во Европа
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“…