Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските објекти, продавниците за малопродажба, спортските настани и матурските прослави.
Од денеска сите продавници за малопродажба ќе можат да работат без ограничувања, а угостителските објекти ќе можат да работат на отворено без забрани, а во затворени простории до еден часот по полноќ и дозволена е музика.
Исто така, дозволено е присуство на публика на стадионите и сите спортски настани. Капацитетот на отворените објекти е до 50 проценти, а во затворен простор до 30 проценти.
Дозволени се матурски прослави, со максимум 500 луѓе во затворено. Од денеска дозволени се екскурзии.
Мерката за носење маски во затворен простор остана во сила.