Летото е омилена сезона на повеќето. Одморите се приближуваат, слободното време го поминуваме на отворено дружејќи се со драги луѓе, а топлото време и сонцето ни даваат повеќе енергија. Сепак, сите овие причини може да бидат еден вид непријател на здравјето.
Првата причина се хормоните кои се едни од најчестите причини за несоница. Особено, производството на мелатонин – хормон што телото го произведува за да нè заспие кога ќе се стемни, се регулира со сончева светлина што влегува во очите и го придвижува мозокот да остане буден.
Кога сонцето ќе зајде, нивото на мелатонин се зголемува, правејќи да се чувствувате уморни и мозокот испраќа сигнал дека е време за спиење. Во лето, деновите стануваат подолги и природниот начин на спиење се одложува. Затоа, важно е да носите очила за сонце во текот на денот со цел да ја намалите количината на сончева светлина.
Исто така, околината во спалната соба е подеднакво важна и препорачливо е да користите завеси и ролетни за да ја намалите количината на светлина додека се подготвувате за спиење. Летото не може да помине без високи температури кои можат да бидат крајно непријатни кога е време за спиење. Затоа, најдобро е да се обидете да го оладите просторот на природен начин.
Надворешни собири, скари, концерти или едноставно излегување на пијалок после работа во текот на летото се составен дел од социјалниот живот. Алкохолот го намалува длабокиот сон, иако на почетокот не изгледа така.Тој има спротивен ефект и нашето тело се буди, со несимпатични додатоци како што се главоболки, жед и замор, но и забрзано чукање на срцето, висок крвен притисок и киселински рефлукс. Сите овие се фактори кои влијаат на спиењето, а со тоа и на нашето здравје.
Недостатокот на сон предизвикува нервоза и поспаност, но има и долгорочни последици по нашето здравје. Затоа се препорачува да се спречи несоницата, но секако на природен начин.
извор: centar.mk