Данското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјите од портокаловата листа за ризик од Ковид-19, како што се Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави.
Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.
За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.
Исто така, неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија, се додадени на жолтата листа.
Во соопштението на данското МНР се додава дека ниту една земја не се додава од жолтата во портокаловата листа. Патниците од земји коишто се на портокаловата листа исто така можат да влегуваат во Данска за несуштински потреби, но морат да поминат низ самоизолација и тестирања за Ковид-19.
На 12-ти овој месец, данската Влада го укина карантинот за патници од Кипар, Хрватска, Луксембург и Швајцарија, поради ниската стапка на инфекции со Ковид-19 во изминатиот период.