Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во насока на справување со најавените високи температури, Црвениот крст во соработка со Град Скопје од денеска ќе почне со теренски активности. Мобилните екипи составени од волонтери од тимот за одговор при катастрофи од петте општински организации во Скопје ќе патролираат низ градот и ќе дистрибуираат вода и информативни летоци наменети за граѓаните.Телесната температура треба да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното зголемување на дневните температури ги зголемува ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните. Во однос на храната, за да се спречи евентуално труење, треба да се направи правилен избор при набавката, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за нејзино чуваАгенцијата порачува и сопствениците на домашни миленици животните да не ги оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и задолжително да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.
извор: slobodenpecat.mk