![Германија пак ќе прима македонски работници](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/56/0c890865-resize-820x0x100.jpg)
Откако германската сојузна влада од 20 јуни ги укина ограничувањата за влез за лица резиденти во Македонија, сега повторно е можно да се обработуваат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулативата за Западен Балкан, соопштија од германската амбасада во Скопје. За време на пандемијата поради ковид-19, влез со цел вработување согласно чл. 26 став 2 од Правилникот за вработување не беше можен поради ограничувањата за влез во ЕУ предизвикани од пандемијата.
-Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила последователнa регулатива на важечката таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“. Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација - стои во соопштението.