Од 1-ви јули ќе се дозволи и редовна работа во затворените простории на угостителските објекти , вклучително и за организирање свадби, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40% од објектите, но не повеќе од 250 гости. Без дозвола за работа остануваат дискотеките, кабареата и ноќните клубови.
Владата ги прифати плановите на министерството за образование за одржување на наставата во основното и средното образование во наредната учебната година, со физичко присуство на учениците.
Овие планови, како што се наведува, ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат училиштата за да да ги обезбедат мерките за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот.
Од 1-ви јули ќе се дозволи и редовна работа во затворените простории на угостителските објекти , вклучително и за организирање свадби, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40% од објектите, но не повеќе од 250 гости. Без дозвола за работа остануваат дискотеките, кабареата и ноќните клубови.
Донесена е и одлука за бесплатен ПЦР тест за странски туристи, на кои овој тест им е потребен за влез во земјата каде се враќаат.
На денешната седница, усвоен е и текстот на предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на пандемијата КОВИД-19.