Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми 0,567 ден./кг и сега изнесува 37,719 ден./кг.
Од 6.7.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 71,50 (денар/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 73,50 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 63,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 37,719 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува и остана на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.6.2021 година.