Масако Вакамија од Јапонија започна со програмирање на 81-годишна возраст. Нејзината мисија е да ја приближи технологијата до повозрасните луѓе и да им покаже колку може да им го олесни животот. Отсекогаш сакала да прави забавни работи, а потоа сфатила дека нема добри и интересни игри за луѓето на нејзина возраст. Помладите иноватори и рекле дека не можат да и помогнат затоа што не знаеле што сакаат постарите луѓе. Затоа, реши да ги преземе работите во свои раце!
Нејзината претстава „Хинадан“ е именувана по празник што се слави во Јапонија повеќе од 1.000 години. Целта на играта е да ги распореди традиционалните кукли по специфичен редослед. Бидејќи постарите луѓе многу подобро ги разбираат старите традиции, оваа тема се покажа како идеална за нив. Масако денес има 84 години, а нејзината игра досега ја презеле повеќе од 100.000 корисници.