Висината на основните месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 29.714 денари. Платата може да биде променлива.
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време
1. 1 (еден) раководител на Оддел во Одделот за финансиски прашања
Покрај општите услови за вработување:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност, и
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност,кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- високо образование, ниво на квалификации VI A, 240 кредити според ЕКТС или
завршен VII/1 степен од областа на економијата или магистратура, ниво на квалификации VII, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен,
- најмалку 5 години работно искуство во струката,
- оспособеност на работа со компјутер, и
- познавање на еден светски јазик.
Висината на основните месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 29.714 денари. Платата може да биде променлива.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 - 15.00часот).
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивaционо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите услови (уверение за државјанство и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност), како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место, доказ за работно искуство евидентирано во Агенцијата за вработување, доказ за оспособеност за работа со компјутер и доказ за активно владеење на еден светски јазик).
Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работноместо ќе се спроведе поединечно интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од ЗРО.
Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонска академија на науките и уметностите,
бул. ,,Крсте Мисирков” бр. 2 – Скопје,телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 5 (пет) работни дена, заклучно со 9.7.2021 година.
Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.