Сметките се составен дел од животот на секој човек, доаѓаат на крајот од месецот, се плаќаат и потоа пак се од почеток. Секако дека идејата на сите е да се намалат што повеќе, а ние во продолжение ви пренесуваме неколку трикови како да успеете во тоа.
1. Исклучување од кабел: кога ќе бидете во можност, уредите кои не ги користите, исклучувајте ги од кабел. Иако не е вклучен да работи, штом е кабелот во струја има потрошувачка.
2. Планирајте го готвењето, бањањето и другите активности: Ако сте во можност гответе за 2 дена однапред, а топлата вода во бојлерот пробајте да ја искористите сите членови во домот.
3. Клима уред: Со намалување за само еден степен на клима уредот, се заштедува 3% струја.
4. За готвење користете само садови кои одговараат, односно ако користите мали садови и голема рингла, имате непотребен трошок на енергија. Затоа постојат и различни големини на рингли.
5. Не ги оставајте полначите за мобилни телефони во струја, трошат енергија иако нема мобилен врзано на нив.
6. Не ги оставајте уредите на ‘stand by’ статус бидејќи така може да ја зголеми потрошувачката и за 30%.
7. Не го оставајте компјутерот вклучен, а ако немате друг избор гледајте секогаш мониторот да биде исклучен.
8. Обичните сијалици заменете ги со штедливи. Трошат помалку и траат подолго. Но, имајте на ум дека емитуваат помалку светлина затоа ставајте ги на соодветни места.