И понатму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во сабота и во текот на следната недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува.
Температурите до сабота ќе бидат пријатни и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Од недела, па во текот на следната седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе биде со потекло од југ (северните предели на Африка. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на многу брз пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени.
Од средината на следната седмица , исто така температурите во најтоплите предели има услови и да надминуваат 40 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.