Скоро еден од десет Европејци на возраст над 15 години пијат засладени безалкохолни пијалоци барем еднаш дневно, според податоците на Еуростат.
6% од луѓето консумираат такви производи помеѓу 4 до 6 пати неделно, а 19% пијат безалкохолни пијалоци со шеќер помеѓу 1 до 3 пати неделно.
Според статистичките податоци, дневната потрошувачка на засладени пијалоци е повеќе типична за мажите (12%) отколку за жените (7%).
Исто така, постојат разлики во различните возрасни групи, бидејќи потрошувачката е помала кај постарите отколку кај младите. Најчестата потрошувачка на засладени безалкохолни пијалоци е забележана кај возрасната група од 15 до 24 години (14%), додека кај луѓето над 65 години уделот на оние што пијат такви производи дневно се намалува на околу 5%.
Белгија е неприкосновен лидер во рангирањето на земјите со најголема потрошувачка на безалкохолни пијалоци засладени со шеќер. Постојат 20% од луѓето кои консумираат вакви производи дневно.
На второ и трето место се Малта (12,4%) и Германија (12,1%), потоа Унгарија (12%), Полска (12%) и Бугарија (11,6%).
Најниска потрошувачка на засладени безалкохолни пијалоци е забележана во Естонија (2,4%), Литванија (2,7%), Финска (3%), Летонија (3,2%), Романија (3,3%) и Грција (3,8%).