Тврдеше дека пред неколку години броел монети за да се прехрани, во далечна Индија, а после само две години неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи. Пред само неколку месеци бизнис приказната на Блаже Аризанов доби речиси епски пропорции кога локалните медиуми ја пренесоа веста за неговиот ненадеен успех во Индија. Стартап компанијата која Блаже Аризанов ја основа со својот пријател од Индија денес е една од најпопуларните и најконтроверзните компании во Индија која им овозможува на младите лубовни парови да си резервираат хотелска соба за краток престој и е редовно споменувана и проучувања бизнис приказна и студија на случај од страна на реновирани светски бизнис магазини како Форбс и Блумберг. Најновото од него е веста дека од Понеделник следната недела излегува неговата прва книга Белиот Трофеј, во која според него, инсајдерски ќе бидат опишани сите маркетинг техники кои ги примени за да ја доведе компанијата од нула до милиони.
Книгата ќе образложи мноштво пријатни и непријатни моменти за време на ова бизнис патешествие, вклучувајќи ги и деновите кога полицијата секојдневно им беше зад петици на неговиот тим, подбуцната од по-моралниот дел од населението кое длабоко ја осуди нивната мисија и ја сметаа за навредлива за традиционалните Индиски вредности. Белиот Трофеј почнува со кобниот ден кога двајцата последни вработени насилно му го кренаа мебелот од станот поради тоа што им должеше тримесечна плата и го оставија со ништо. Книгата се надоврзува со актуелни и минати трауми кои Блаже Аризанов ги имаа доживеано и за кој вели дека потсвесно ги управуваа неговите одлуки, дел од кои беа толку радикални што придонесе за агресивен конфликт внатре во тимот кој речиси ја распадна компанијата. Или како што вели Блаже Аризанов во официјалниот Фејсбук пост со кој ја најави книгата – Не сите бизнис приказни се опсипани со злато, не секогаш има палати светкавост, трофеи, туку само еден трофеј – Бел. Вака Блаже Аризанов ги именува мноштвото демони на кои авторот тврди дека се потпираше во моментите кога сите дури и неговиот сопствен тим се закануваа да му свртат грб.
Се на се ова е една извонредно нетипична бизнис приказна за нашите простори, за претприемач кој го помина детството во Струмичките полиња за да подоцна доживее вртоглав успех во земја половина планета понатаму.
извор: fakulteti.mk
Македонецот кој пред неколку години немаше за „леб“ , а сега неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи
Vijest
-
Туристичка сезона на повидок: Расте интересот на работниците од Хрватска и регионот за сезонски работни места
Sezonac.hr, најголемиот онлајн саем за работни места во туризмот и сезонската работа, повторно предизвика голем интерес, не само меѓу хрватските кандидати, туку и меѓу работниците од регионот, а растот на бројот на пријави за отворените позиции ја нагласи сѐ поголемата побарувачка за сезонски труд.
-
Дали знаете кое од седумте чуда на древниот свет сè уште не е откриено?
Од седумте чуда на древниот свет, Големата пирамида во Гиза (пирамидата на Куфу) во Египет е единствената што сè уште постои. Иако археолозите и научниците ги пронајдоа локациите на шест од овие седум прекрасни градби, локацијата на една им бега со векови: Висечките градини на Вавилон.
-
Во Европа се градат куќи кои користат водород наместо струја
Обединетото Кралство достигна пресвртница во транзицијата на чиста енергија, отворајќи ги домови кои наместо струја или друг реагенс за греење, користат водород. Засега се отворени три такви домови во источниот дел на Фајф, Шкотска. Домовите покажуваат како водородот може да се користи и за греење и за готвење. Проектот е наречен H100 five, а планот е во следните месеци да се отворат дури 300 домови.
-
Кафуле во Париз нуди можност да пратите писмо до себеси во иднина
Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите срца и да ги споделат мислите“ со себеси, појаснуваат од „Кафе Пли“ - првото вакво кафуле во Франција.
-
Како да побарате работа од дома (и да ја добиете)?
Ако размислувате да побарате од работодавачот можност за работа од дома, клучно е да се пристапи кон тоа барање стратешки и аргументирано.
-
Се појави нов тренд во туризмот – туризам за спиење
Во свет во кој доминира бурниот начин на живот и стрес се појави нова форма на патување – туризам за спиење. Се предвидува дека ќе биде едно од најбараните патувачки искуства во 2025 година, а овој тренд става акцент на одморот, релаксацијата и подобрувањето на квалитетот на сонот. За многумина традиционалните одмори, исполнети со преполни дестинации, веќе не се толку привлечни, па се свртуваат кон патувања каде што можат да го освежат своето тело и ум.